РАКОМЕТ
Женската екипа на Прилеп се пласира во завршницата од Купот на Македонија и затоа денес ќе патува за Скопје на полуфиналните мечеви. Прво, гигантот Вардар, за противник ќе ја има Гевгелија, а потоа Прилеп ќе се сретне со Металург. Важно е што Прилеп влезе меѓу најдобрите четири, како европскиот вицешампион. Претходно, ослабениот домашен состав загуби (14-32) токму од Металург, а недела пред тоа беше поразот во Гевгелија (26-22).
Машката екипа на Прилеп обратно-нареди три победи, на гости со 27-31 над Пролет, дома со 27-24 над Металург 2 и 41-30 над Работнички. Викендов е пауза поради одржувањето на Купот, а в четврток е гостување на Вардар ј.
Табела: Радовиш 36, Пролет 35, Прилеп 34, , Вардар ј. 25, Металург 2 – 18, Работнички 0.