ИСТОРИЈА
Колку вреди спортскиот резултат е реакацијата на граѓаните. На 1 јули 1979 година се одигра пресуден меч од Републичката лига, трета по ранг во Југославија. Во Скопје Победа со 1-2 ја совлада Југококта (сегашна Македонија ЃП). Тоа беше прво место и пласман во Втората лига. Успехот се нанижа пред рекордни 7.000 гледачи на стадионот во Ѓ. Петров. Победата предизвика голема радост. Навивачите се собираа пред клупските простории по дознавањето на резултатот од радио-преносот. Нетрпеливите со моторни возила се упатија кон Плетвар, први да честитаат. Околу 22 часот илјадници симпатизери со музика и песни ја пречекаа омилената екипа
До полноќ славеа фудбалерите, стрелците З. Конески и Црвески, тренерите предводени од М. Крстески, претседателот М. Костоски.