РИКАЛОСКИ ПАК НАЈДОБАР

Пинг-понг

Вториот овогодишен турнир за младинци ,,Здравје Радово” беше успешен за најнадежниот прилепски пингпонгар, член на Младост 96, Александар Рикалоски. Како и на првиот турнир, и сега го освои првото место, совладувајќи ги сите противници. Највредна е финалната победа од 4-3 над скопјанецот Бужаровски. Претходно во групната фаза сите противници ги совлада со по 3-0, а со по 4-0 во четвртфиналето виничанецот Иванов и во полуфиналето штипјанецот Стојчев. Резултатите го сместуваат прилепчанецот на првото место од ранг-листата, заедно со штипјанецот Костадиновски.

Рикалоски настапи и на Државното сениорско првенство, каде влезе во полуфиналето и на крајот е четвртоласиран, што е голем успех со оглед на тоа што има само 16 ипол години.

Loading