НАТПРЕВАР ПО МУЛТИМЕДИЈА ВО САНДАНСКИ

СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”

5. Natprevar vo Bugarija- ucenicite od SOU K J Pitu

Учениците од СОУ „Кузман Јосифоски – Питу”, предводени од  професорката по информатика м-р Мимоза Мијоска учествуваа на Петтото меѓународно натпреварување „Земјата – позната и непозната” во Сандански, Бугарија. На покана од бугарската земјоделска професионална гимназија се натпреваруваа на темата „Земјата е жив организам. Не ја лутете”. Учествуваа Стефани Клекачкоска и Ивона Настеска од И-3 клас. Во изработката на проектите, учесниците, поаѓаа од ставот на природните и општествените науки, на претприемништвото, на граѓанското и здравственото образование и екологијата. Како алатка за развој  се користеше информатичката технологија. Претставничките на СОУ “К. Ј. – Питу” го освоија трето место со видеото со тема „Ефект – пеперутка”. Меѓу десетината средни училишта од Бугарија и Македонија, екипата беше на 5-то  место. Засадија и бреза во училишниот двор, а со натпреварот традиционално се одбележа Денот на планетата Земја, 22 Април.

Loading