ФУДБАЛ МЕЃУ ТАТКОВЦИ И СИНОВИ

ОУ “Рампо Левката”

7. Tatkovci i sinovi igraat fudbals - OU Rampo Levkata

Татковци и синови се натпреваруваа во фудбал. Интересниот фудбалски меч во ОУ “Рампо Левката” беше дел од проектот “Заедничка грижа за правилно насочување на учениците” преку МОН. Организатор беше Кирил Овезоски, наставник по ФЗО. Целта е да се продлабочи соработката со родителите, да бидат дел од училишниот живот, не само преку  родителските средби, туку и преку други форми и содржини, како што се работилници и часови на родителите како наставници согласно нивните професии. Активностите се потврда за интересот на родителите да бидат важен партнер на училиштето. 

Loading