НОВИ ПОБЕДИ НА МАССУМ

СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“

Lavri na MASSUM - ucenicite od SOU K J Pitu

Се слушна името на нашето економско училиште на образовното рандеву во „МАССУМ“ во Скопје. Традиција стана СОУ „Кузман Јосифоски – Питу” секоја година да се враќаат со полни раце награди, фер, квалитетно и со правилно вложен труд добиени. Учениците тргнаа добро подготвени, што е видливо по шесте награди за постигнатите резулати во многу категории. Станува збор за едно прво место, три втори и две трети места.

Првото место беше освоено во категориијата маркетинг план. Во категориите кариерно портфолио, интервју за работа на македонски јазик и најдобар штанд имаа втори места. Во модна ревија и драмска претстава зазедоа трето место.

Loading