МЕРЕЊЕ ШЕЌЕР ПОД ВЕДРО НЕБО

СОУ „Ѓорче Петров

Merenja za praznikot - ucenicite od SOU Gjorce Petrov

Подготвеноста и стручноста, учениците од здравствената струка, медицинска сестра при СОУ „Ѓорче Петров“ ја демонстрираат секојдневно и насегаде. Тие ја покажаа способноста да извршат рутински мерења како дел од основниот лекарски преглед и надвор, под ведро небо. Ниту студеното време, ниту бучавата од околината, не им сметаше додека на граѓаните  им мереа крвен притисок и шеќер во крвта. На случајните минувачи на плоштадот им делеа брошури со препораки за зачувување на здравјето. Импровизирана амбуланта им стана кафетерија во центарот каде голем број граѓани се редеа да добијат бесплатна здравствена услуга од учениците кои го печат занаетот со голема љубов и посветеност.     Праксата на отворено ја изведуваа под менторство на стручните наставници: Наташа Ванчева, Ленче Јованоска и Валентина Дамеска.

Со оваа активност го одбележаа 7 Април, Светскиот ден на здравјето, кој годинава беше под мотото “Здравје за сите”. 

Loading