ПРВО И ВТОРО МЕСТО ПО АНГЛИСКИ

Гимназија „Мирче Ацев

angliski-regionalno

Гимназијалците покажаа одлични резултати на регионалниот натпревар по англиски јазик, освојувајќи го првото и второто место. Божидар Цветкоски освои прво место и Ѓорѓи Димески беше втор. Ментор на учениците им е професорката по англиски јазик Кети Ефремоска. Со двете места, учениците од СОУ “Мирче Ацев” го обезбедија учеството на државниот натпревар на 6 мај во НОВА интернешнал скулс во Скопје.

Регионалниот натпревар по англиски јазик за основните и средните училишта се одржа во организација на ЕЛТАМ (Ацосијација на наставници по англиски јазик на Македонија). Од општините Прилеп и Кичево од средните училишта, учество зедоа вкупно 7 ученици.    

Loading