ПРЕКУ ИГРА ДО ХУМАНОСТ

ОУ „Добре Јованоски

Akcija za isprakanje kapacinja vo Turcija - OU Dobre Jovanoski

„Едно капаче – Една надеж“ е хуманитарно еколошката акција која ја спроведуваат учениците од ОУ „Добре Јованоски“, а чија единствена цел е да се собираат што е можно повеќе пластични капачиња.

– Капачињата се испраќаат во Турција каде се рециклираат и за количина од 250 килограми се добива една инвалидска количка која потоа менаџерскиот тим од училиштето ќе ја донира на семејство кое има потреба, а нема финансиска можност самостојно да ја обезбеди – објаснува директорката Панде Николоска.

Од училиштето нагласуваат дека целта е учениците да ја покажат својата хуманост и да се вклучат во акцијата бо која сé што треба да направат е да фрлаат капачиња во поставената соодветна кутија.

Акцијата е иницирана од Македонската медицинска студентска асоцијација – ММСА. Организаторите велат дека потребни се фирми, претпријатија, продавници, училишта, ресторани кои ќе се вклучат во акцијата и каде луѓето би можеле да ги достават собраните капачиња. Потребни се и волонтери кои се заинтересирани да се вклучат во тимот. Проектот, во кој е вклучено и ОУ ,,Добре Јованоски”, препорачливо е да се одвива во цела Македонија.

Loading