ПЕЛИСТЕР ГИ ИЗЛЕЧИ РАНИТЕ

Ракомет жени

По два последователни првенствени пораза, синоќа беше враќањето кон победите на екипата на Прилеп. Можноста дојде на натпреварот за Купот на Македонија, во рамките на четвртфиналето, дома со Пелистер. Во салата на СОУ ,,Ристе Ристески – Ричко” беше постигната сигурна победа (38-28), на некој начин и очекувана, имајќи ги предвид квалитетите на пелагониските ривали. Пред еден месец на истиот паркет беше 37-25 за екипата на тренерот Рубин Богојески. Врз основа на овој триумф Прилеп се пласира на фајнал-форот од Купот. Таму ќе бидат победниците од дуелите: Гевгелија – Овче Поле, Вардар јуниор – Вардар и Куманово – Металург.

Претходно беа претрпени два првенствени пораза дома, од Овче Поле (20-22) и Куманово (22-30). Табела: Металург 51, Вардар ј. 48, Куманово 39, Прилеп 21, Овче Поле 15, Гевгелија 12, Пелистер 6.

Loading