„ЛЕТ“ НА ВЕЛОСИПЕДИ НА ТОПТАШ

В недела

Velosipedisti so krilja

Клубот за екстремни спортови Скај рајдерс в недела од 10 до 15 часот кај месноста Топташ, ќе ја организира втората downhill трка насловена Топташ 2017. Се очекува педесетина учесници од Македонија, Црна Гора и Бугарија. Станува збор за велосипедска трка на надолнина во планина. Иако е ризичен и екстремен, овој спорт кај нас е во развој. Патеката предзивикува скокови по доста тешки терени.

Вторпат се организира трката како Цевитана downhill Топташ 2017, под покровителство на Општината и со поддршка на спонзорот Витаминка. Патеката е долга 1.8 км., од врвот Топташ до подножјето, односно резервоарот за вода. Спустот трае околу 3 минути. Ќе има три категории, 18 години па нагоре, јуниори и велосипеди само со преден амортизер и назад со тврда вилушка. За овој спорт е потребна посебна опрема, заштита и психичка подготвеност.

p5pb13417023

Настанот е поддржан од Општина Прилеп која во изминатиов период посветува големо внимание за развој на екстремните спортови.

– Продолжуваме со поддршка на адреналинските спортови. Почнавме со болдерингот. Со Скај рајдерс се организираат мото крос трката на патеката кај Лагово и параглајдингот од полетувалиштето кај манастирот Трескавец – рече  градоначалникот Марјан Ристески. 

p5pb13417131

Loading