ОУ „Добре Јованоски“
Учениците од ОУ „Добре Јованоски“ се вклучија во богатата културно забавна програма за Меѓународниот ден на Ромите, 8-ми Април, организирана заедно со Здружението за перспективна интеграција и развој Рома Перспектив, во соработка со Општината и ФК Пролетер. Во спортската сала настапи играорната група и учениците со подготвени точки. Се одржа и турнир во мал фудбал меѓу екипите на ФК Пролетер и општината.
ОУ “Добре Јованоски” е пример за мултикултурен соживот и почитување на традицијата, културата, верата и спецификите кои ги носи секој народ.