СПЕЦИЈАЛИСТИ ЗА РЕМИ

Фудбал

Moment od mecot Pobeda -   Bregalnica

Ниту губи ниту победува – тоа е екипата на Победа во изминатите три кола. Прво дома беше ремито со Шкупи (1-1), потоа со Брегалница (0-0) и завчера на гости со Македонија ЃП во Скопје (0-0). Ако се земе предвид дека противниците беа од долниот дел на табелата, желбата за максимум бодови не се исполни. Со три бода, не е толку лошо. Задржано е осмото место со шанси за седмо, а не треба ни да се помисли дека подолупласираните ќе го избегнат директното отпаѓање од лигата.

Загрижува неефикасноста. На последните три меча и претходниот со Шкендија (пораз од 4-0), се добива серија од четири натпревара без постигнат гол. Единствениот за реми со Шкупи беше автогол на гостите од Чаир. Мора да се преземе нешто публиката да види гол од домашна акција. Навивачите заслужуваат и подобра игра. Дали фудбалерите се импресионирани пред полното гледалиште, оти 10 месеца не настапуваа на свој терен, само може да се претпоставува.

В недела во 16.ч нова шанса со фаворитот Работнички. Тој е тим кој со 1-0 ја ја совлада Шкендија. На Победа изгледа и е потребен поголем предизвик, како што беше подвигот над шампионот Вардар. В недела се очекува рекордна посета на Могила.

Табела: Вардар 59, Шкендија 50, Работнички 42, Пелистер 37, Силекс 35, Ренова 31, Шкупи 25, Победа 22, Македонија ЃП 17, Брегалница 16.

Loading