ПРВИОТ ЈУГОСЛОВЕНСКИ ПРВОЛИГАШ

Историја

На 9 декември 1989 година прилепското карате го постигна најголемиот успех во Југославија. Клубот Енергоинвест 11 Октомври стана југословенски прволигаш. Додека градот не најде сили за фудбалски или ракометен прволигаш, сатисфакција претставуваше елитниот статус на каратистите. Во Универзалната сала успехот, првото место во Втората сојузна лига – Исток, го поздравија 1.500 гледачи. Под прилепскиот состав беа екипите на Зета Титоград, Котор, Партизан Штип, Трепча Косовска Митровица, Студентски град Белград, Црвена звезда и Младост Далија од Земун и Водно Скопје.

Претседател на КК Енергоинвест 11 Октомври беше Благоја Костоски, тренери Милан Башески, Милан Дамески, Лазо Бумбароски и Петар Камчески, а каратисти: Наум Трајкоски, Трајче Димоски, Златко Димоски, Владо Попески, Никола Трајкоски, Орце Стојчески, Љупчо Трајкоски, Идриз Провалија, Назим Куртовиќ, Петар Камчески и Томче Лазарков.

Loading