ПРЕДВЕЛИГДЕНСКИ ХУМАНИТАРЕН ПАНАЃУР

ОУ „Добре Јованоски

Predveligdenski panagur za humani celi

И учениците од ОУ „Добре Јованоски“ се вклучија во одбележувањето на Денот на децата со Даунов синдром со предвелигденски хуманитарен панаѓур во организација на Детската амбасада. Се изложија изработки од децата од Детска амбасада и посебните паралелки на ОУ „Климент Охридски”. На панаѓурот учествуваа учениците заедно со членовите на детската организација предводени од наставничката Светлана Петковска.

Со купувањето на детските дела се донираа средства во хуманитарните цели за децата со посебни потреби. Преку акцијата, децата се учат од мали нозе за хуманост, толеранција и секого да го прифатат со сите негови недостатоци и квалитети, бидејќи сите деца се еднакви. 

Loading