СЕ ТОПИ НЕВРАБОТЕНОСТА

Filip DimitrieskiФилип Димитриески, раководител на Центарот за вработување – Прилеп

Се намалува невработеноста во Општинава. Тоа го покажува статистичкиот извештај. Во 2005 година покажува бројка од 25.033 невработени лица, додека за 2017 година бројката на невработеност изнесува 13.835 или намалена за 11.198 лица?

– Намалувањето на невработеноста се должи на мерките преземени од Владата со донесување на годишниот оперативен план на ниво на република кој успешно се спроведува и имплементира во сите општини. Оперативниот план опфаќа од година на година сé повеќе проекти и активности кои се барани на пазарот на трудот и овозможуваат едукација, обуки и вработувања на голем број на невработени лица. Самовработувањето со грант е најпопуларен проект. Тој овозможи вработувања на 741 лице со отворање на сопствени фирми и развој на претприемништвото со вработување на дополнителни лица.  Со самовработување со кредитирање, на невработените им се овозможи да се вработат 624 лица, Фирмите вработувања на 145 лица со проектот кредитирање на правни субјекти. Проектот обука кај познат работодавач и обука со субвенционирано вработување придонесе да се обучат и вработат над 700 невработени лица. Тој содржи и обуки за ИТ вештини и странски јазици со кои се опфатени над 2.500 лица и им помогна во нивното идно вработување. Во текот на 2016 г. набавени се 15 компјутери и печатачи за потребите на Центарот за вработување.

Во 2015 година Владата донесе и Закон за вработување на невработените лица со повеќе целни групи кои се ослободени од плаќање на придонеси од пензиско и социјално осигурување и персонален данок?

– Со законот се евидентирани 953 лица во општината. Поради големиот интерес на пријавени вработени лица со овој проект Владата го донесе и проектот Македонија вработува-2, кој важи до 28 јуни, а досега со овој проект се вработени 274 лица. Намалувањето на невработеноста се должи и на ново отворената странска инвестиција Гентерм каде моментно се вработени 860, а се планираат околу 2.000 вработувања. Во нашава општина најавени се уште две странски инвестиции кои би акумулирале уште минимум од 1.500 до 2.000 вработувања.

Рамката на вработувања и оваа година е дефинирана со донесувањето на Оперативниот план за 2017 година?

– Со него се утврдуваат програмите, мерките и услугите за вработување кои се имплементираат со цел за подобро функционирање на пазарот на трудот, подржување и отворање на нови работни места за зголемување на вработливоста на невработенителица. Вклучувањето на невработените лица за услугите и програмите, односно мерките за вработување се врши врз основа на јавни повици за аплицирање кои се отворени во текот на целата година како и со упатување од страна на Центарот за вработување. Во текот на првото тромесечје пуштени се јавниот оглас за обука за напредни ИТ вештини, општи вештини, јазик и компјутери на кои учество зедоа поголем број на млади невработени лица до 29 години. Од истата целна група посебен интерес младите невработени лица до 29 год. покажаа за проектот практиканство на кој досега имаат земено учество 31 лице. Посебно популарен е проектот Самовработување со гранд  на кој аплицираа 114 лица, а се предвидени уште 2 циклуса до крајот на годинава. Тука може да се споменат и апликациите на самовработување со кредитирање.

Што со лицата во социјален ризик?

Во тек е и огласот за обука кај познат работодавач со субвенционирано вработување и програмата за условен паричен надомест за субвенционирани вработувања на лица во социјален ризик за кои има доста заинтересирани како работодавачи, така и лица.

So obuki do zivotna   egzistencija

Невработеноста ја апсорбираат и странските компании?

– Моментно во Гентерм има 870 вработени. Во Кавадарци фирма која имаше доста врабортувања е Дрекслермаер. Се оствари соработка и со Кромберт и Шуберт во Битола и веќе започнаа интервјуата. Се очекува во април да тргне и првата група од 50 вработувања и да достигне бројката од 300 до 500 вработувања.

РЕЛОКАЦИЈА ВО ЦЕНТАРОТ

Центарот за вработување се наоѓа во постара зграда. Планирате ли освежување?

– Работиме на проект со Локалната самоуправа и директорот на АВРМ, Влатко Поповски за релокација во централното градско подрачје со цел подобро функционирање со нашите странки и институциите. Објектот кој што го планираме да го земеме е Работничкиот универзитет. Планираме да го реновираме и направиме во современ Центар за вработување

Loading