НОВА МРЕЖА И ВОДА НА ПРЕТЕК

14 милиони евра инвестиции на ЈКП Водовод и канализација за 12 години

Koritoto ke stane park

ЈКП Водовод и канализација (В и К) доживеа трансформација во едно модерно јавно претпријатие последниве 12 години. Беше носител на реализацијата не само на капиталните, туку може да се квалификуваат и како историските проекти за градот, зашто трајно го менуваат квалитетот на водоснабдителните објекти и на канализационите системи.

Најголемииот предизвик секако беше замената на околу 40 км. нова водоводна мрежа во градот, преку грантот на германската КФБ банка со што се реши еден децениски проблем. Во двете фази, од 2006 до 2010 година, а се вложија 9,1 милиони евра, од кои еден милион евра беа обезбедени од Владата. Придобивките се сигурно водоснабдување со тарифа која ги покрива трошоците, а е и социјално прифатлива. Се придонесе кон поголемо зачувување на природните ресурси, се намалија загубите на вода, а се зголеми и процентот на наплата кај граѓаните. Или значително се подобри техничката и финансиската состојба на ЈКП В и К. Загубата на вода пред проектот беше околу 75 отсто, а после падна под 60 проценти. Со текот на годините се замените околу 40. км водоводна мрежа со сопствени средства и сега загубите се сведени под 50 отсто.

Поради подобрувањето на финансиската ситуација само во периодот од 2005 до 2009 г. ЈКП В и К врати 95 милиони  денари односно приближно 1,5 милиони евра обврски од сопствени приходи, а наследени во 2005 година кон разни фирми, од кои од ЈП Студенчица е добиен дисконт од 50 отсто од  долгот и останаа само 57,2 милиони денари.

Minor korito po celoto tecenie na rekata

Се изгради и нова административна згарада се набави багер и додатна, опрема, алати и облека, возила за одржување, материјали за поправка на мрежата, опрема за дезинфекција, телеметрија и СКАДА систем, Бустер станици во Точила, вентил за регулирање на притисок и друго. Освен оваа капитална инвестиција меѓу 2009 и 2013 година издупчија 10 нови бунари во месноста Бегова ливада, за околу 62 милиони денари, обезбедени од сопствени средства и од Владата. Од 2012 година е пуштен во употреба нов апарат за верификација на водомери. Апаратот е најсофистициран во Македонија и во согласност со светските ИСО стандарди. Вредноста е 5,7 милиони денари. Набавена е и цистерна за потребите на одделението канализација за 10,6 милиони денари. Меѓу 2011 и 2016 година е изградена нова водоводна мрежа долга 40 км, со сопствени средства. Вложени се 55 милиони денари или околу 900 илјади евра. Инвестирани се 76 илјади евра во канализциони линии од 2 км. Пред 4 години се поставија електромагнетни мерачи за следење на протокот на старите градски извори и преливната цевка кон Вештачкото езеро, потоа се изработи студија и основен проект за високата зона од градот, се набави патничко возило, реконструирана е фекална канализација на ул. ,,Сотка Ѓорѓиоски,,    се изгради атмосферска канализација на ул. ,,Александар Македонски,, се поставија бетонски цевки од атмосферска канализација на ул. ,,Ножот,,  се постави хидрофор за водомерна работилница, се реконструира водоводната мрежа на ул. ,,А. Македонски,, кај ф-ка Енергоинвест, ,,Пане Талески,,, ,,Мукос,, ,,Раде Иваноски,,, ,,Ѓорѓи Димитров,, и ,,Трајко Николоски,,. Меѓудругото се набави опрема за радиско читање на водомери, пробно се активираше филтер станицата за питка вода со замена на резервни делови, се постави препумпна станица за високата зона, се реконструира пумпната станица селото Селце со поставување на систем за управување и мониторинг  СКАДА. Не стивнаа вложувањата. Се изгради средно напонски вод за пумпна постројка Бегова ливада, се постави географски информациски систем за дигитализација на целокупната водоводна и канализациона мрежа во градот. Не се мируваше ниту во 2014 година. Се реконструира водоводната мрежа на ул. ,,С.Планина,, , ,,Бистра Планина,, , ,,Савска”,  во селото Мало Коњари, потоа ,,Осоговска,, , ,,Трајко Николоски,, , ,,Круме Волнароски,, , ,,Димо Наредникот,, , ,,Илија Игески,, , ,,Борка Медарот,, , ,,Вера Циривири,, и канализациона мрежа на ул. ,,Јоска Јорданоски,, и ,,Славеј Планина,,. Се изработи елаборат за режим на работата на Вештачкото езеро за потребите на филтер станицата за питка вода, се монтира нова хлорна станица на собирна шахта-стари извори, се изработи основен проект за санација на ободен канал Маркови кули, се набави изворен код за софтвер, се ревидира основниот проект за пречистителната станица за отпадни води, се изработи елаборат за заштитни зони околу извориштата, се изгради магацински простор кај хлорната станица и се рехабилитира ободниот канал за намалување на ризиците од катастрофи и климатските промени.

Stanicata pred kraj

Минаа две години откако се изгради водоводна мрежа во селата Старо Лагово и се подобри водоснабдувањето околу населбата Млекара, ул. ,,Ѓорѓи Сугарев,, , ,,Трајко Николоски,, , ,,Димо Наредникот,,  , ,,Васко Карангелески,,  ,,лка Присаѓанка,, и ,,Савска,,. Се изгради и канализациона мрежа на ул. ,,Димо Наредникот,, , ,,Бул. Г. Делчев,, и ,,Бул. Гоце Делчев,, зади хотелот ,,Липа,, и се изработи регулациона шахта за високата зона во Точила.

Лани се набавија машини за пробивање канализациони цевки под висок притисок и се надгради СКАДА системот.

Во периодот од 2009 до 2016 година се реализирани проекти за 130,5 милиони денари или околу 2,1 милиони евра Вкупно, последниве 12 години се вложени околу 14 милиони евра од различни извори.

Синоним за функционалност на јавно претпријатие е В и К. Затоа е најдобро во Македонија. Капиталните проекти се реализирани со над 80 отсто сопствени пари, што ги нема направено никое друго јКП во земјава.

Но, ЈКП В и К лани почна повеќе проекти чиј епилог е годинава. Такви се изработката на студија за намалување на загубите со изведба на две мерно регулациони шахти, набавка на пескара за водомерната работилница, се изврши реконструкција на водоводната мрежа на ул. ,,Братство и Единство,, , ,,Петко Велкоски-Стрелката,, , ,,Киро Пајмакоски,, и ,,Београдска,,. Годинава ќе се оконча замената на хидромеханичката опрема во водоводни шахти или ќе се вложат 16,3 милиони денари.

Во претстојното среднорочје до 2021 година ќе се реконструира водоводната мрежа од 25 км, се планираат реконструкции  на ул. ,,Гога Димитриоски,,, , ,,Илија Компаниоски,, , крак од ,,Гога Јанкулоски,, , ,,Владо Стојаноски,, , ,,Мара Јосифоска,,, , ,,Бул. Г. Делчев, крак, ,,Благоја Крстески,, , ,,Питу Гули,, , ,,Марксова,, дел, ,,Сотка Џигиџик,,, , ,,Борка Влачарот’,,, крак ,,Архиепископ Доситеј,, , ,,Борка Талески,, – крак, ,,Спасе Темелкоски,, , ,,Богомила,, , ,,Сремски Фронт,, , ,,Велешка,, , ,,Мечкин Камен,, (кружен тек со пресек со ул. Истарска, ,,5-та Прилепска,, – крак (пресек со ул. Октомвриска), ,,Прохор Пчински,,, , ,,Савска,, два краци ,,Кеј 1ви Мај,, -дел ,,Кордун,, дел и други.

Реконструкциите ќе се одвиваат следните четири години, во зависност од приоритетите и според надзорот на стручните служби.

За периодот 2017 -2021 г. планирано е нивелирање на 800 шахти (улични капаци со ниво на коловоз).       Поради зголемен обем ќе се набават патнички полутоварни и специјални возила. Во зависност од средствата се планира изработка на модифицирана веб страна со електронско плаќање на сметките. Ќе започне пилот проект за кој веќе има студија, за намалување на загубите. Главната цел е намалување на загубите преку монтирање на хидромеханичка опрема за регулација и контролирање на притисокот во мрежата. Ќе се реконструираат градежните објекти и доводите од старите  извори. Предвидени се околу два милиони евра. Планира да вложи сопствени 150 илјади евра, а за останатите средства се планира да се аплицира до домашни и странски институции. Во 2017 година завршува изработката на проектната документација. Потоа ќе биде познат периодот за реконструкција и точната вредност. За почеток, со сопствени средства, ќе се реконструира цевовод од изворот Леково за 6 милиони денари и целосна санација на каптажата. За изворот Пештерица се планираат 3 милиони денари, сопствени пари.

ЈКП В и К предвидува санација на дел од 21 пумпни постројки со  кои стопанисува во селата.

Финишира пречистителната станица

Во тек е реализацијата на капиталниот проект, рехабилитација и надградба на канализационата мрежа во должина од 68 км. Инвестицијата е речиси 15 милиони евра и изградбата на прочистителната станица за 10,2 милиони евра. Парите се обезбедени преку ИПА програмата на ЕУ и од Владата. Рехабилитацијата и надградбата на канализационата мрежа треба да заврши во 2018 година, а изгарадбата на пречистителната станица треба да финишира годинава. Прилеп ќе ја раздели фекалната од атмосферската канализација, ќе се подобри еколошката слика на целиот регион, ќе се добие чиста градската река, чии води ќе може да се употребуваат за наводнување на земјоделските посеви.

После комплетно ќе се уреди речното корито, кејските ѕидови и Ќе претстои и партерното уредување. Прилеп ќе биде еден од ретките градови во Македонија кој ќе го има имплементирано и воспоставено овој систем на третман на отпадните води кој е од историско значење со што градот ќе прерасне во еден од најдобрите инфраструктурно уредени урбани средини на Балканот и со решен повеќедецениски проблем.

Loading