СТРУЈА ОД СОНЦЕ НА ПАЗАР

Pazarot so besplatna struja

ЈКП Пазари ќе произведува електрична енергија со фотоволтаици за сопствени потреби на пазарот, но и за потребите на локалната самоуправа односно за градот, старата чаршија и поширокото градско подрачје. Се планира да бидат поставени 1.300 фотоволтаични панели, со кои ќе се покрие целиот пазар и кои би произведувале 271,8 кв електрична енергија на ден. Фотоволтаиците ќе бидат поставени на 3.500 м2 со кои ќе се обезбеди електрична енергија за околу 3.000 светилки.

За проектот наскоро треба да биде изработена и физибилити студија, која треба да покаже на каков начин ќе се користи електричната енергија. Дали таа би се акумулирала во одредени инвертори или пак би се внесувала директно во системот на ЕВН од каде понатаму ќе се дистрибуира до крајните корисници. По изготвувањето на физибилити студијата следува и изработка на проектот. Се планира средствата да бидат обезбедени преку ЕУ фондовите.      

Во иднина се планира реконструкција, доградба и проширување на постојните деловни простории  околу текстилниот  пазар. Ќе се реконструира и модернизира управната зграда. Ќе се постават подземни контејнери во просторот на пазарот и околу него, со што ќе се обезбеди повисок стандард на одлагање на сметот кој се собира во пазарот и тоа ќе бидат првите подземни контејнери во Општината.

Namesto pokriv fotovoltaici na pazar

Инаку, досега за подобрување на условите и модернизирање на пазарот од 2004 до 2016 година се инвестирани 25 милиони денари. Прилепчани располагаат со современ и целосно покриен пазар, изграден е нов млечен пазар, нови деловни објекти, се репарираа дел од тезгите, се поставија хидранти, изградени се јавни тоалети, поплочен е стариот градски пазар со бекатон плочки на 5.000 м2, реконструирана е целокупната водоводна мрежа во рамките на пазарот и се реализираа уште многу други инвестици.

Исто така планирано е да се реализира проект за дотур на стока до тезгите на закупците, дуќаните во пазарот и дуќаните во центарот на градот со електрични возила. Ќе се замени осветлувањето во целиот пазар со штедливи лед светилки, а се планира и организирање на делови за цветен пазар и дел каде ќе се продава сертифицирана органска храна.

Ова се само дел од проектите кои се планира да се реализираа во периодот од 2017 до 2021 година и кои според проценките би изнесувале околу 50 милиони денари.

Loading