КАПЕЛА И НА СТАРИТЕ ГРОБИШТА

Uste edno olesnuvanje za graganite  e kapelata

Интензивно се гради капелата и на старите гробишта. Инвестицијата е 120 илјади евра. Ова ќе биде втор објект од ваков тип кој се гради во период од две години. Се очекува изградата на капелата да биде завршена кон крајот на месец мај или почеток на јуни кога би била и пуштена во употреба Во 2015 година, локалната самоуправа и Комуналец им предадоа на располагање на граѓаните капела на Новите градски гробишта.

Двете капели ќе ги задоволат потребите на градот.

– Изградбата на капелата е барање на жителите кои имаат гробни места на своите блиски на Старите гробишта. Со оваа капела, според законот, ќе се комплетира целиот простор на старите гробишта. Средствата се обезбедени од Здружението кое управува со овие гробишта. Дел се и од локалната самоуправа  -вели градоначалникот Марјан Ристески.

– Ќе може да се одвива само една погребна церемонија, а ќе има и други простории потребни за објект од ваков карактер – истакна Бранко Нешкоски, раководител на ЈП за ПУП.

Капелата ќе биде од помал обем за разлика од онаа на Новите градски гробишта каде може да се изведуваат по четири погребни церемонии истовреме.

Loading