ГРАД НА ПЛОШТАДИ И ЗЕЛЕНИЛО

Последните десетина години се изградени над 20.000 м2 плоштадни површини за 100 милиони денари. Градот ја промени физиономијата и од лик на малоградска турска касаба, прерасна во урбана средина со сите европски атрибути, полн со места за одмор и релаксација. Меѓу крупните зафати  секако е комплетното реконструирање на плоштадот ,,Методија Андонов  -Ченто,, на површина од 8.222 м2. Инвестицијата беше од 22,8 милиони денари. Во срцето на градот атрактивна локација стана и плоштадот ,,Александрија,,. Со донации од бизнис секторот уредени се 5.000 м2, за што беа вложени 30,8 милиони денари. За 12,3 милиони денари партерно се уреди пешачката улица ,,Борка Талески,, на површина од 1.933 м2. Се изгради плоштад околу Градскиот часовник на површина од 1.580 м2. Инвестицијата беше над 7 милиони денари. И новиот споменик на Крали Марко на плоштадот ,,Методија Андонов – Ченто за 2,8 милиони денари го заличи центарот.

И цветните пешачки патеки во старата чаршија на површина од 7.761 м2, влијаеја на урбаното разубавување на дел од Старата чаршија. Комплексот плоштад кај споменикот Карпалак стана привлечно место за околните жители, но и за сите граѓани и гости.

Loading