АСФАЛТ НА 200 КИЛОМЕТРИ

Во општинава

Asfalt mesto prasina

За 12 години е асфактирана  патна мрежа од околу 200 км. за што инвестирани се 22 милиони евра.

Патната мрежа во општината се состои од општински патишта и улици. Како општински патишта се категоризирани 44 патни правци со повеќе од 210 км, а градот има улична мрежа од околу 170 км. Ако на тоа се додаде и уличната мрежа во селата, патната мрежа е поголема од 500 км

Пред 10-тина години повеќе од 50 отсто од улиците во градот беа неасфалтирани. Во меѓувреме состојбата е сосема поинаква. Остануваат уште  околу 10 отсто неасфалтиранисообраќајници намногу во населбите каде се изведува реконструкција и проширување на канализационата мрежа. Меѓу 2005 и 2016 година се асфалтирани повеќе од 83 км. во градот и селата или 450.000 м2. Капитална е градбата на улицата ,,Александар Македонски,, од влезот во градот кај Лук Оил, до крстосницата  со улицата ,,11-ти Октомври,, долга 1.800 м. Таа се реконструира да добие булеварски карактер со четири ленти, велосипедски патеки, двострани тротоари, дел со среден разделен појас и ново улично осветлување. Булеварски особености доби и улицата ,,Октомвриска,, – од кружниот тек кај Стерна. Во завршна фаза е и улицата ,,Димо Наредникот,, од крстосница со ,,Бидимаш,, до градската река. Градот проектира и изгради четири нови крстосници со кружен тек на сообраќајот. Такви се  крстосниците кај старата општина, кај хотел Липа, кај поштата и кај Солидност, со што се растовари и се зголеми безбедноста во сообраќајот. Се асфалтираа и реконструираа и се изведоа улици низ сите населби во градот, изведена е комплетната подземна инфраструктура во индустриската зона Прилеп1, каде се асфалтираа 800 м. од улична мрежа. Почна и изведбата на уличната мрежа во новата станбена населба Градина.

Се асфалтираа улици во Големо и Мало Коњари, во Ново Лагово, во Канатларци, Селце, Галичани, Кадино село, Мажучиште.

Локалната самоуправа последните 12 години посвети огромно внимание на изградба, реконструкција и рехабилитација на улици, општински и државни патишта. Градот доживеа ренесанса во изградбата на нова патна мрежа. По асфалт се стигнува до Големо Радобил, рехабилитиран е патот за Канатларци, без прашина се оди и доПодмол и Лопатица,  потоа од Веселчани кон Боротино, асфалтирано е и за Бонче, Штавица, Волково, Манастир, вложено е во патот до Дуње, асфалт има меѓу Беровци и Галичани, потоа од Клепач кон Ерековци од Алинци до Шелеверци. Дури се асфалтира и патот за Маркова чешма и за манастирскиот комплекси Трескавец, Св. Димитрија, Света Петка и Св. Преображение кај Зрзе.

И магистралите се проширија како Дреново-Плетвар, трета лента, Прилеп – Мажучиште, Прилеп-Големо Коњари, Ново Лагово – Кадино село, клучката – влез во Прилеп од Битола кај Салида и санација на патот за Плетвар. Почна и заврши асфалтирањето на дел од стариот пат за Битола, до Тополчани.

Во градот се асфалтираат 83 км. за 9 милиони евра.

За годинава се планира да се изгради улицата ,,Кеј 1-ви Мај,, на делот од крстосница со ул. ,,Кузман Јосифоски,, до вкрстување со улицата ,,Андон Слабејко,, кај железничкиот мост. Ќе се реконструира дел од улицата ,,11-ти Октомври,, и доградба на мостот на градска река за кружен тек, кај ,,Табаана,,. Завршена  е техничката документација комплет со одобрение за градба. Со проектот е аплицирано во програмата на Светската банка за подобрување на општинските услуги и по обезбедувањето на финансиски средства се планира да се стартува.

Во индустриската зона Прилеп 1 и во Градина ќе продолжи изведбата на уличната мрежа. Се работи техничката документација за реконструкција на Булеварот ,,Гоце Делчев,, од крстосница со улицата ,,Прилепски бранители,, до крстосница со улица ,,Кузман Јосифоски,, Се проектира и улицата ,,Победа,, зад типската населба. Планирани се мостови над градска река на улиците ,,Трајко Николоски, и ,,Победа,, како и пешачки мост кон улицата ,,Орде Тутески,, кај музичкото училиште.

Годинава продолжи градбата на експресниот пат Прилеп-Градско, долг 33,5 км, во кој ќе се вложат околу 80 милиони евра. Патот треба да биде изграден до 2019 година во три фази.

Loading