„НИШТОЖНИК Е ОНОЈ КОЈ ИМА ПОДОБАР ПРИЈАТЕЛ ОД ТАТКОВИНАТА“

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЃОРЃЕ ИВАНОВ, ЛИДЕРИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ, НИКОЛА ГРУЕВСКИ И ЗОРАН ЗАЕВ

Околу 350 Македонци, членови на литературното друштво ,,Григор Прличев,, од Австралија кои 39 години го чуваме и промовираме на македонскиот јазик и литераура, сме крајно загрижени за иднината на Македонија. Со издадените 76 наслови, главно историска литература, го штитиме националниот интерес на Македонија и активно сме вклучени во борбата за зачувување на македонскиот идентитет во дијаспората.

Македонците не се мешаат во платформите на македонските политичките партии, но се огорчени од несовесното однесување на македонските политички партии кои се обземени од политичко слепило и лични интереси, играјќи си со македонските национални интереси со цел да се уништи македонскиот јазик и државата. Партиите, посебно албанските, кои се стремат кон федерализација, имаат само една цел, да ја уништат македонската државност и нација. Еднаш засекогаш да им се стави крај на попуштањата и договарањата на наша штета. Доколку жителите во Македонија од друга националност не покажат лојалност и се стремат да ја уништат македонската држава, тогаш треба итно да ја напуштат, да се вратат во матичните земји каде им се загарантирани националните права. Оној кој работи против македонската државност, не треба да има право да живее во Македонија. Рамковиот договор, како и менувањето на македонското знаме и прифаќање на привремено име, имаат цел да им се оствари сонот на соседите. Најжално е тоа што повторно се поставува ултиматум за менување на химната и уставот, што значи дека некои македонски политичари ја продаваат душата само да дојдат на власт.

Бараме да не се дава макотрпно создадено и извојуваното со големи жртви, бидејќи историјата нема да суди, туку ние сега ќе судиме. Застанете зад македонските интереси, престанете да давате отстапки за туѓи интереси и престанете да примате совети од странски тутори кои не ја почитуваат нашата државност со тоа што се мешаат во внатрешното уредување на државата. Повеќе не молчеме кога се посега по идентитетот. Дијаспората бара зрелост и решителност, а најповеќе водечка улога во зачувување на нашата државност и нација.

Со особена почит и со надеж дека ќе ги штитите интересите на сите Македонци без разлика каде живеат во името на македонското литературно друштво ,,Григор Прличев,, од Сиднеј,

Претседател

Душан Ристевски

Loading