ЕДЕН ЈАЗИК, ЕДНА ЗАЕДНИЧКА ДРЖАВА

Одбрана на унитарноста на Македонија

DSC 5537

Под мотото, “Еден јазик, една држава, една Македонија” неколку денови прилепчани маршираат за зачувување на унитарноста на државата на повик на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија”. Граѓаните порачуваат дека нема да дозволат политичарите да си играат со иднината на Македонија, нејзиниот идентитет и суверенитет. Не дозволуваат промена на Уставот и Законите на Македонија, за да се дојде на власт. Меѓу собраните се членови на здруженијата на граѓани “Прилепски бранители”, “Карпалак”, “Пере Тошев”, “Патриот”, “Андон Ќосето”, Здружението на резервни старешини и други. Тие бараат политичките партии да го почитуваат Уставот, уставниот поредок и да не се прифаќаат платформи создадени за туѓи интереси.

– Македонците се обединети околу унитарна Македонија со еден службен јазик. Да не дозволиме предците да се превртуваат во гробовите поради политичари како Заев, кои сакаат да ја продадат и предадат Македонија. Татковината е на работ на пропаста и треба да се застане на платформа за заеднички просперитет на Македонија. Доста се делби и поделби – рече Јане Ченто, претседател на МПЗ “Пере Тошев”.

Црвената линија ја поминавте, црвено – жолтата, не! – порачаа прилепчани, на маршот кој не е поддржан од ниту една политичка партија.

Носејќи во рацете македонско неколкуметарско долго знаме, кое ја симболизираше црвено-жолтата линија, која е и слоган на мирните граѓански протести за одбрана на унитарноста на Македонија, повторно се испрати јасна порака дека никому нема да му биде дозволено да ја премине таа линија и да си игра со судбината на земјата и на нејзините граѓани.

Протестите се одржуваа секоја вечар од пред споменикот “Прилепски бранители” по булеварот “Гоце Делчев” до споменикот Крапалак.

 – Сé она што нашите претци стекнале со крв при првиот и вториот Илинден, а ние што го браневме во 2001-та, некој пак сака сето тоа да го загубиме, и тоа на маса. Не сакаме да бидеме срамна генерација која ќе дозволи безумна распродажба на Македонија. Како патриоти ќе се бунтуваме како што знаеме и умееме – беше истакнато во прогласот на патриотските здруженија.

На неколку илјадната група граѓани се обрати и драмскиот уметник Петар Темелковски, македонски актер Владо Јовановски и Сашо Гигов – Гиш.

Protesti za zacuvuvanje na unitarnosta na drzavata

– Херојски Прилеп, родниот град на првиот претседател на АСНОМ, и на неговите горди потомци, совршено добро знае како се брани татковината со срце – рече Јованоски.                   

Патриотските здруженија најавуваат продолжение на протестите за одбрана на унитарноста, против воведување на двојазичност и против урнисување на македонското ткиво. 

Loading