ЕМ НАЈТЕШКА, ЕМ НАЈУСПЕШНА 2016

Девет години ЦБВ Максам фајт Прилеп

pocetna-maksam

ЦБВ “МАКСАМ” овој месец слави 9 години постоење.  Минатата, 2016, беше најтешка и најуспешна година. Активностите почнаа во јануари на отворениот меѓународен ММА натпревар во Земун, Србија на ММА профи борецот, Душан Џакиќ. Тоа беше одлично искуство за нашите борци. Во март го организиравме ММА турнирот “Крал Марко”, со учество на над 70 борци. Домашните натпреварувачи имаа одличен настап и многу победи. Нашиот  член, Христијан Граороски, беше прогласен за најдобар.

Неколку дена подоцна се одржа ММА семинар во Прилеп со Претседателот на БЏЏ Федерација на Македонија, Ивица Алексовски. Една недела подоцна учествувавме на ММА/БЏЏ Семинар во Скопје со инструкторот од Англија, Рос Николс. На 19 јуни следеше вториот ММА турнир “Крал Марко 2” уште со подобри борци и борби. Летото не одморавме. Во август дојдоа двајца инструктори од Црна Гора, Младен Јокмановиќ и Срѓан Бошковиќ. Трениравме два дена на пеколни горештини, совладувавме нови техники и вештини. Добивме квалитетно знаење,  пренесени беа искуства, совети, корисни за следните мечеви. Во септември учествувавме на ММА Турнирот во Струга, “Cage Fight”, во главна борба, која предизвика голем интерес во Македонија. Стануваше збор за борба во тешка категорија во кафез, меѓу победниците од претходните турнири, Мартин Трајкоски од “Максам Прилеп” и Игор Лазарески од Струга. Три одлични рунди, по што нашиот борец славеше победа на наше задоволство. Следниот викенд дојде ММА професионалниот борец Златко Петровски, член на германскиот тим “Кобрас”. Тој пренесе дел од неговото големо искуство на еднодневниот семинар за нашите членови. И следниот викенд  настапивме на ММА Турнир “Теогенес ММА Опен” во Белград. Таму имавме одличен успех. Од 3 натпреварувачи, Христијан Тасески и Давид Шапуриќ имаа два триумфа. Октомври беше во знакот на присуството во Прилеп на најдобриот борец и тренер од “Каизен Академијата”, Марк Лајхнер. За нашите борци и гости од другите градови, тој одржа семинар во два дела за ММА борбите. Договорена беше и тесна соработка меѓу Белград – Прилеп. Вечерта на  петти октомври беше насловена, “Ноќ на гладијаторите” на  ММА турнир во Куманово. Таму блеснаа нашите борци, Стефан Сталески, Христијан Тасески и Виктор Нестороски. На 19 ноември учествувме на меѓународниот турнир во БЏЏ во Подгорица, Црна Гора, како дел од македонскиот репрезентативен тим. Во силна конкуренција, освоивме сребрени и бонзени медали. Од Европското првенство на 5 декември, како силен меѓународен турнир ММА ISFA во Битола, Стефан Сталески и Давид Шапуриќ се вратија со златни медали и шампионски титули во нивните категории. Христијан Тасески беше втор и се закити со сребро. Тоа беше сензационален триумпх, со оглед на нивната возраст. Тројца се по 16 години, а се борат во категорија на сениори. Многу важно и вистинска храброст и спремност покажаа со тоа што веќе наредниот ден во Скопје се бореа на државно првенство во БЏЏ и повторно освоија медали и се пласираа меѓу првите три места. Сталески и Мартин Николов станаа државни прваци во своите категории. На 12 декември во нашиот центар дојде инструкторот Роберт Наумоски од Австралија, кој одржа тренинг и даде совети и инструкции за следниот период и не упати на насоки за правилно да напредуваме. На крајот од годината учествувавме на големиот семинар за БЏЏ и ММА во Скопје со Проф. Роберт Наумоски. На епилогот од годината Христијан Тасески беше прогласен за најдобар член на клубот, поради постигнатите резултати.

Годинава продолжуваме со уште поголем елан, со тренинзи и со едукација на млади спортисти. Претстојат многу активности и предизвици на кои се надеваме и очекуваме уште поголеми успеси. 

12800311 978428895526257 1559996093777477871 n

12800311 978428895526257 1559996093777477871 n

12928172 1002278449807968 6101412922215027693 n

14089121 1083944801641332 54355242383111627 n

14291911 1098716260164186 1885509158754988441 n

14330076 1101409176561561 221272798423174285 n

14484852 1115334588502353 8262853863894609777 n

14907061 1148615591840919 1962131423874629322 n

15741120 1205841859451625 7579776495986240189 n 1

15823356 1207580205944457 5668569215810679817 n

17094005 1264167243619086 1683316764 n

2

Loading