На 16-тиот меѓународен карневал Прочка 2017 продефилираа околу 1.500 учесници со традиционални и современи маски. И годинава беа избрани најмаските и се додели Гран при наградата.
За градоначалникот Марјан Ристески, последното издание на Прочка може да се оквалификува како своевиден спектакл. Аргумент е сé поголемата привлечност на манифестацијата која го негува нашето културно наследство.
– Прочка се претвори во туристички бренд не само на градот, туку и на Македонија – рече Ристески.
Според Ванчо Георгиев, претседател на здружението ,,Прилепски мечкари,, карневалот се омасовува секоја година.
– Карневалот беше во знакот на смеата и хуморот како и останатите досега. Придонес дадоа гостите од Врњачка Бања, Шабац, Београд, Бела Црква, Украина, Бугарија, Италија… Манифестацијата расте од година во година. Овојпат беше збогатена со научна конференција – изјави Георгиев.
Прилеп мина уште едно карневалското лудило, кое траеше до првите петли на чист понеделник. Младите ја негуваат традицијата низ маскирањето и забавата во кафетериите кои имаа продолжено работно време. Учесниците на карневалот од плоштадот се преселија во ресторанот од хотелот Липа на балот под маски. Мина и празникот Поклади, кој беше ден за проштевање.
{AG}441/procka{/AG}
НАГРАДИ НА ПРОЧКА 2017
ДЕТСКА ТРАДИЦИОНАЛНА МАСКА:
1. Плашило за на бостан- ОУ „Рампо Левката“
2. Весели ежиња– Крушево
3. Лош дедо бре – ОУ „Климент Охридски“
ДЕТСКА СОВРЕМЕНА МАСКА:
1. Веселиот танц на Пигмејците – ОУ „Блаже Конески“
2. Вештерки – Танцов клуб Зодијак
3. Флинстонс – ОУ „Климент Охридски“
ДЕТСКА ТЕАТРАЛНА МАСКА:
1. Древен Египет – ОУ „Кочо Рацин“
2. Господарки на традиционалното јапонско време – ОУ „Добре Јованоски“
3. Пантомимичари – ОУ „Кире Гаврилоски –Јане“
ТРАДИЦИОНАЛНА МАСКА
1. Чума – СОУ „Ѓорче Петров“
2. Орашачки џаламари – Куманово
3. Илинденско востание – Мокриево
СОВРЕМЕНА МАСКА
1. Карневал – Зодијак
2. Разиграни вонземајни и роботи – СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и „Кузман Јосифоски – Питу“
3. Сонце и месечина – СОУ Гимназија „Мирче Ацев“
ТЕАТРАЛНА МАСКА
1. Астерикс и Обеликс от Прилеп – здружение Прочкари
2. Курјачки Времеплов – Куратица
3. Девојчето и сениште – СОУ „Орде Чопела“
НAЈМАСКА – Хавајски палми во Прилеп- ОУ „Климент Охридски“