ВЕЛЕСКИ РЕМИЗИРА СО ВЕЛЕМАЈСТОР

Шах

Нашите најистакнати спортисти квалитетот го покажуваат таму каде е најпотребно, на меѓународната сцена. Шахистот ФМ Роберт Велески одлично се претстави на 39. Меморијален турнир ,,Георги Трингов” во Пловдив, Бугарија, каде имаше мошне силна конкуренција во 83 учесника, од кои осум велемајстора и 18 интермајстора. Стартуваше како 48, според рејтингот од 2.192 поена, а заврши 11 места погоре, на 37 место од табелата со 4,5 поена. Имаше само три пораза, три победи, три реми. Највредно е ремито со велемајсторот Николов, првиот носител на турнирот со рејтинг од 2.563 поена. Така Велески заработи седум поена за наредната рејтинг-листа.

Победник на турнирот со 7 поена е ФМ Вјачеслав Тиличев од Русија.

Loading