ЗАВЕСАТА СЕ КРЕВА НА 25 ФЕВРУАРИ

Ракомет жени

Забрзани се тренинзите во женскиот суперлигаш Прилеп под водство на Рубин Богојески. Причина е тоа што мошне рано ќе стартува пролетниот дел од првенството во Супер лигата, на 25 февруари. Одлучено е да се скуси првата, кондициска фаза и да се посвети повеќе внимание на техничко – тактичкиот дел. Во салата на ,, Ричко” редовно има по 15 првотимки, но и по неколку отсутни, кои се очекува наскоро да се приклучат. Само комплетен тим може да даде оптимизам и остварување на амбициите за висок пласман на четвртото место. Наредната недела можно е да се прифати понудата од три грчки прволигаши, за пријателски меѓународни натпревари. Барем еден или два да се одиграат ќе бидат од полза.

На пролетниот старт Прилеп ќе гостува на Куманово.

Loading