СТУДЕНТИ ОД ХОЛАНДИЈА ЌЕ ПРОДАВААТ ПРОИЗВОДИ НА ВИТАМИНКА ВО НИВНАТА ЗЕМЈА

Vitaminka vo Holandija i preku studneti

Студентите од холандскиот колеџ „Гетиде“ од Есензо ќе изработат проект преку кој треба да ги пласираат производите од Витаминка на нивниот пазар. Освен Витаминка, тие ја посетија и локалната самоуправа и разговараа со градоначалникот Марјан Ристески како да се подобри соработката на овој регион со Холандија.

Инаку, ова е заеднички проект меѓу холандските студенти и студентите од Славјанскиот универзитет од Битола.

– Соработката со Витаминка е насочена, нашите студентите да се  обидат да изработат проект и да продаваат производи во најголемите супер маркети во Холандија. За возвратно би се очекувало од студентите од Македонија да увезат производи од Холандија кои ќе се продаваат во супер маркетите тука. Очекуваме добра соработка – рече Кис Ван Дервол, ректор на „Гетиде” колеџот.

Градоначалникот Марјан Ристески изјави дека постои голема можност за соработка со Холандија на повеќе полиња.

– Холандија е пример за водењето на бизнис, маркетинг и пласирањето на производи. Се надевам дека ќе се подобри и пласирањето на нашите производи на холандскиот пазар. Разговаравме за туризмот, бидејќи Холанѓаните се најбројни и најпосакувани гости – истакна  Ристески.

Студентите од Холандија го посетија и Музејот за тутун и прилепската стара чаршија, каде се запознаа со нашата историја и традиција.

Loading