ТУРКАНИЦА ЗА ПРЕДНОСТИТЕ НА ИПАРД 2

Поповолните услови на ИПАРД 2 во споредба со ИПАРД 1 предизвикаа огромен интерес кај земјоделците, особено во доменот 50:50 за набавка на земјоделска механизација

Detalni objansuvanja za apliciranje

Презентацијата на ИПАРД 2 програмата за земјоделците предизвика огромен интерес кај земјоделците од Пелагонија, бидејќи во споредба  со ИПАРД 1 има одредении измени во делот на растителното производство и зголемени можности за инвестиции. На земјоделците им стојат на располагање околу 60 милиони евра за ралични проекти, од кои дел за најатрактивните, за трактори.

– Се надеваме дека во овој ИПАРД 2 ќе имаме многу повеќе барања отколку во претходниот ИПАРД, затоа што во минатото беа лимитирани поледелските култури. Сега се вклучени и живинарските фарми за конзумни јајца. Во период од 2014 до 2020 година очекуваме искористеноста на средствата да биде многу поголема. Поголем е бројот на земјоделските култури со кои може да се конкурира во Прилеп, Кривогаштани и Долнени, бидејќи доминираат житните култури на големи површини кај речиси секое семејство. Намален е минималниот праг на 10 декари, што е поволно речиси за секоја фамилија. И сточарите не се запоставени, како и производителите на градинарски култури – објасни Горан Томески, раководител на агенцијата за поддршка на руралниот развој.

{AG}437/ipard{/AG}

– Се надевам дека земјоделците ги добија сите потребни информации како да аплицираат и доколку им се потребни дополнителни информации стоиме на располагање” – рече Владимир Величкоски, раководител на одделение за поддршна на бизнис секторот во Центарот за развој на пелагонискиот плански регион.

Земјоделците се интересираа за новите можности, наведени од позитивните искуства и искористените средства од оваа програма.               

– Станува збор за набавка на нова опрема за фабриката за преработка на овошје и зеленчук. Двапати користиме средства од ИПАРД. Процедурата не е толку едноставна, има правила, но доколку се придржуваш, не е  сложена.  Со помош на луѓето се среди документацијата во роковите, се направија корекции и се отстранија пропустите. Затоа пак се интересираме за аплицирање за ИПАРД 2, само овојпат за машини и осовременување на производството по системот 50:50 – истакна Игор Гулабоски од Бим Фуд, фабриката за преработка на овошје и зеленчук.

Градоначалникот Марјан Ристески рече дека ИПАРД програмата помага за развој на земјоделството.

– Преполната сала кажува за интересот на земјоделците за користење на овие европски фондови. Се надевам дека ќе се оѕстранат дилемите за предностите преку информативната средба. Програмите се насочени за користење средства за зголемување на приносите и развој на земјоделството –  рече Ристески.

Презентацијата ја организираа Министерството за земјоделство во соработка со Агенцијата за поддршка на руралниот развој, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Општината Прилеп и Центарот за развој на пелагонискиот – плански регион. 

Loading