ПРЕТСТОЈАТ ПОПРАВКИ ВО ОДБРАНАТА И ВО НАПАДОТ

Фудбал: Победа одигра четири пријателски

Досега постигнати три, примени десет гола

Kapitenite i sudiite pred mecot   Pobeda - Borac

Екипата на Победа десетти ден е во Охрид и ги привршува пподготовките. Според планот на тренерот Зоран Штерјовски, одработени се и тренинзите и пријателските натпревари. Само првиот беше со домашен ривал – Новаци, а наредните три со странски екипи – српските Борац Чачак, Спартак Суботица и босанскиот Крупа Врбас. Според тоа, тестовите беа мошне силни и не се очекуваа серија позитивни резултати, туку низ играта да се дотерува играта, односно да се согледаат слабостите, за потоа постепено да се отстранат.

Првиот меч беше единственото реми (1-1) со Новаци, на кој се пропуштија пет-шест стоотстотни шанси, а голот беше дело на најдобриот стрелец во првенството, Шаркоски. На вториот тест и противникот беше посилен и нозете тешки од тренинзите, а замрзнатиот терен дополнителна пречка. Гостите подобро се снајдоа, искористија три шанси, а по две промашувања, Гешоски пред крајот даде гол од пенал за конечни 1-3. Тој резултат се повтори и на следниот меч со Спартак Суботица. Гостите поведоа со два гола во првото полувреме, кога прилепскиот тим не искористи убава шанса, а во второто Гешоски намали од пенал, за сепак во финишот да биде 1-3. Следниот ден, без одмор, Победа одигра уште еден меч, со босанскиот тим Крупа Врбас. Натпреварот помина во добра игра, Победа имаше доста шанси, но гостите знаеја да ги казнат промашувањата поведувајќи со 0-2. Потоа Цветаноски не искористи пенал и на крајот најубедлив пораз од 0-3. В сабота е дуелот со Велазерими, по кој екипата се враќа во Прилеп, а натаму следат: Хоризонт Турново (9 февруари), а на 11 и 12 февруари е учеството на турнирот ,,Вуко Каров” во Кавадарци.

Засега новите играчи се четворица, Србите, офанзивниот за врска Милан Војводиќ и крилниот напаѓач Мирослав Станиќ, Бразилецот, шпицот Уемерсон Рамон и дефанзивниот, централен играч за врска Благојче Коњарски. На проба се четворица, голманот Никола Тошески (Белград) бековите – десниот Бојан Георгиевски (Металург Скопје, повратник од Бугарија), левиот Звездан Ѓорѓиловиќ (поранешен член на Борац Чачак) и играчот за врска, Бразилецот Рафаел.

Александар Крстески

Имаме добри услови

Досега се е во најдобар ред. Имаме добри услови. Напорно е, тренираме трипати дневно, а играме и натпревари секој втор или трет ден. Треба да биде напорно, за во првенството да биде полесно. Се засиливме со неколку играчи, за кои уште е рано да се види нивниот максимум. Добро се вклопени со екипата и соиграчите. Портфолиото кажува дека се добри фудбалери и така ќе ја зголемат конкуренцијата. Оттука претстојната пролет ќе имаме повеќе варијанти и измени. Цел е сочувување на прволигашкиот статус. Со добри подготовки и темпирање на формата, очекувам да ја оствариме потцртаната цел – рече капитенот Александар Крстески.

Loading