КУРТАНОВИЌ НОВ ГОЛМАН

Rabota so 22 prvotimci - Ice   SkoloskiРакомет

Дванаесет дена траат подготовките на суперлигашот Прилеп во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Тренерот Ице Соколоски со помошникот Менде Петлески располагаат со 22 првотимци. Веќе се приклучи заздравениот пивот Пеце Ѓорѓиески, како и новодојдениот млад голман од Работнички, Мурат Куртановиќ. Се работи за голман од школата на гигантот Вардар, каде тренер е некогашниот репрезентативец Зоран Петковски. Покрај голманот, за нов се смета и бекот Јане Јанчев, кавадарчанец, повратник од Мароко. Заминати засега се тројца: голманот Милош Рајчиќ, бековите Никола Мирков и Филип Ангеловски.

Тренинзите се на кондициски и тактичко-технички план по двапати дневно. Порано од планираното, дома, се одигра тренинг-меч со соседниот суперлигаш Пелистер. Практично, се излезе во пресрет на битолчаните поради подготовките за настап во осминафиналето од купот Челенџ, каде претстојат натпреварите на гости кај португалскиот Спортинг во Лисабон. Деновиве, пак во ,,Ричко” ќе се одигра реванш-тренинг дуел со Пелистер.

Има време и за повеќе други пријателски натпревари, со оглед на стартот на пролетниот дел од првенството, на 5 март.

Loading