ХУМАНОСТ ВО СИНДИКАТ

СОУ „Кузман Јосифоски – Питу

Zabava i humansot

Во ноќниот клуб Синдикат, како дел од проектот „Од деца за деца: Светот се менува со твојот пример, а не со твоето мислење“, организацијата Dream Team при СОУ ,,Кузман Јосифоски – Питу,, спроведе хуманитарна забава заедно со The hounds и Cyrillic. Пијачките биле по намалени цени. Средствата собрани од хуманитарниот концерт, како и од активностите на младите хуманисти изминатиов месец, ги донираа и ќе бидат искористени за подобрување на престојот во Дневниот центар за лица со посебни потреби Ѕуница.

Организаторите се ученици се нарекуваат Dream Team, затоа што имаа големи соништа, а прават мали хуманитарни дела.

– Сосема сме обични, но имаме необична традиција и необични пријатели. Минатите четири години се дружиме со лицата со посебни потреби од Дневниот центар Ѕуница, а во последните две години и со дечињата од детската градинка Гоце Делчев. На ова не научија учениците од претходните генерации. Од нашето дружење произлегоа цртежи, честитки, календари, снешковци, елки, украси, чоколадни лижавчиња, кои самостојно ги продававме, а собраните финансиски средства ги употребивме да го направиме попријатно и попродуктивно престојувањето на лицата во дневениот центар и градинка. Им купивме учебни помагала, дидактички материјали, едукативни материјали, справи за вежби и терапија, униформи, компјутер, ги придружувавме на екскурзиите кои ги организиравме, а дониравме и во хуманитарни акции за лекување на деца кои бараа помош – објаснуваат за своето работење од организацијата Dream Team.

Петтата година на дружење, одлучија да ја одбележат со голем чекор на хуманост на цела Македонија со хуманитарен проект ,,Од ДЕЦА за ДЕЦА – Светот се менува со твојот ПРИМЕР, не со твоето мислење,,. Продаваа новогодишни честитки кои ги нацртаа лицата со посебни потреби, а потоа цртежите ги дигитализираа и обработија во дизајни за честитки како проект од секцијата за информатика. 

Loading