ВО ПРИЛЕП ВРАБОТЕНИ 11.200 ЛИЦА

Gradonacalnikot Risteski i Popovski   od AVRM

За 12 години бројот на невработениво Македонија се намалил за 160.000

– Со најновите интервјуа „Гентерм“ ќе достигне за краток период до над 800 вработувања. Во моментов во „Гентерм“, „Дрекселмајер“ и „Акомпласт“ има околу 1.500 вработени.

Бројот на невработени лица, за 12 години во Македонија се намалил за 160.000, а во Прилеп за 11.200 покажуваат податоците на АВРМ. Состојбата е резултат на добрата соработка и координацијата која во изминативе години Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ) ја има со Општина Прилеп, бидејќи Прилеп беше прва општина во Македонија која направи Економски совет кој помага дополнително на Агенцијата за креирање на нивните политики и мерки кои ги даваат. Поддршата и понатамошната стратегија беше потврдена и на работната средба на градоначалникот Марјан Ристески со директорот на АВРМ, Влатко Поповски.

– Согласно информациите кои ги има АВРМ, а тоа е бројот на отворени М1 обрасци, во 2005 година имало околу 397.000 отворени М1 обрасци на ниво на Македонија и некаде околу 390.000 невработени лица кои се евидентирале во АВРМ. Денеска бројката е поразлична, вкупно на двата регистри и на активни и на пасивни баратели на работа, имаме околу 204.000 регистрирани невработени лица и над 552.000, само во АВРМ, отворени М1 обрасци, дополнително во Фондот за ПИОМ врз основа на лично осигурување, тоа е каде спаѓаат оние кои се на договор на дело и индивидуалните земјоделци има уште околу 14.000 М1 обрасци, значи вкупно некаде околу 566.000 отворени М1 обрасци или грубо земено над 160.000 нови отворени работни места од 2005 до 2016 година на ниво на Македонија. Ситуацијата за Прилеп е добра. Ако во 2005 година имало 15.000 М1 обрасци, во овој момент само во Агенцијата има 24.000 регистрирани М1 обрасци, што е диретно разлика од 9.000 М1 обрасци или вработени лица, и дополнително над 3.000 се регистрирани во Фондот за ПИОМ, тоа е некаде 12.500 вработени прилепчани. Значи бројката на невработени во Прилеп се намали за некаде околу 11.200 лица за периодот од 2005 година до 2016 година – изјави Влатко Поповски, директор на АВРМ.

Според него, проектот „Македонија вработува“ ќе биде активен до 27 јуни 2017 година, со тоа што досега го искористиле 4.218 граѓани. Само од Нова година до сега се имале вработено над 280 лица. Проектот „Македонија вработува 1“ завршил со 18.900 вработени, а претходно бил и проектот за вработување на млади до 29 години каде што имало дополнителни 8.000 вработувања. Значи преку овие мерки над 30.000 граѓани се вработиле во Македонија за 3 години.

– Продолжува интересот и за самовработувањето со грантови. Во последните години бројката се движи од 2 до 2.500 апликанти за самовработување со грант, што значи дека имаме проблем да избереме кој е квалитетен бидејќи сите се квалитетни. Во 2016 година направивме дополнителни напори и исфинансиравме дополнителни 105 вакви гранта. Од проектот за кредитирање, продолжува интересот. Во просек се пријавуваат од 150 до 200 лица, односно од 20 до 30 компании во зависност од огласот за дополнителни вработувања – вели Поповски.

Од Општината Прилеп истакнуваат дека имааат одлична соработка со АВРМ и Владата, бидејќи заедничка цел е зголемување на бројот на вработените и намалување на невработеноста. Соработката се реализира на повеќе начини.

-Прво информираме за сите оние позитивни мерки кои ги спроведува АВРМ. Преку нив се вработени повеќе стотици прилепчани. Се известуваат и информираат компаниите за сите мерки, најчесто преку Економскиот совет кој функционира повеќе години. Но, и преку средбите со Стопанската комора и поединечните средби со бизнисмените. Помагаме за зголемување на вработувањата преку овозможување на нови инвестиции, проширување на постојаните капацитети на домашните компании, но и создавање на индустриски зони за нови домашни и странски компании, како што е ТИРЗ „Прилеп“, кој е заеднички проект со Владата.  Го реализираме зацртаниот план од пред 10 години. Бројките сведочат дека невработеноста е намалена за над 11.000 лица. Има уште неколку илјади активни баратели на работа. Затоа не застануваме, туку целта е отворање уште на многу други нови работни места. Очекуваме вработувања во индустриската зона Прилеп 1, каде веќе се отворени неколку погони, а дел се градат. Таму треба да се изградат околу 12-тина фабрики. Тоа значи околу 1.200 нови вработувања. За ТИРЗ „Прилеп“, која е доста атрактивна зона, се интересираат многу странски инвеститори. Имињата нема да ги споменам, но кога ќе дојде време ќе ги кажеме. Очекуваме годинава таму барем уште една до две нови инвестиции. Секако импулс за вработување се и проширувањата на домашните компании. Тука се Витаминка, Прилепска пиварница, Мермерниот комбинат, Комфи Ангел, Васидора, Кули, Микросам и многу други фирми, кои скоро секој ден имаат потреба од нови работни места и нови инвестиции. Не се потценува домашното стопанство кое овозможува многу нови вработувања – вели градоначалникот Марјан Ристески.

Најбарани и натаму остануваат информатичарите, инженерите и другите стручни лица.

Nevrabotenosta se namaluva -   Dimitrioski od AVRM i gradonacalnikot Risteski

Центарот за вработување во Прилеп

ГОЛЕМО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Центарот за вработување во Прилеп служи како едно големо одделение за човечки ресурси за потребите на странските инвеститори смета раководителот Филип Димитриески. Заедно со локалната самоуправа и АВРМ, имаат одлична соработка со странските инвеститори. Им помагале за собирањето податоците за лицата кои сакаат да се вработат во фирми, ги повикувале на интервјуа и им помагале во процесот на изборот.

– Со најновите интервјуа,  „Гентерм“ ќе достигне за краток период над 800 вработувања. Во моментов во „Гентерм“, „Дрекселмајер“ и „Акомпласт“ има околу 1.500 вработени. Најновиот оглас за напредни ИТ вештини ги повикува сите невработени лица кои се занимаваат со програмирање. Но, немаат доволно финансиски средства да ги добијат потребните сертификати и да ги поминат овие обуки. Затоа нудиме повеќе обуки. Едната е за ПХП и Пајтон, потоа ДОТ НЕТ, ХТМНЛ ЦСС и Јава скрипт. Ги повикуваме сите заинтересирани за дополнителни информации да се пријават во Центарот за вработување во Прилеп. Обуките се доста скапи и чинат по неколку илјади евра. Затоа ова ќе биде од голем бенефит за заинтересираните апликанти – рече Филип Димитриески, раководител на Центарот за вработување во Прилеп.

ПРОДУЦИРАЊЕ СТРУЧНИ КАДРИ

Новина од следната учебна година се тоа што во стручните училишта влегувањаат големите мултинационални компании и проширените домашните компании. Тоа значи насочување во контекст на продуцирање на кадри кои во иднина ќе најдат вработувања во овие компании. Преговорите веќе се во тек. За крајна проекција е во 2017 година да се отворат нови 2.000 работни места во Прилеп. 

Loading