ЈОВАНОСКИ НА ГОЛОТ ОД БЕЛАСИЦА

Ubavo primen vo Strumica - Gorgi   Jovanoski

Фудбал

Младиот голман Ѓорѓи Јованоски се пресели во Беласица. Поранешниот член на 11 Октомври и Победа ја прифати понудата од струмичкиот третолигаш, клуб со амбиции да се врати на старите патеки. Во понеделникот беа првите тренинзи за продолжението од сезоната.

– Ме побараа, ми понудија, се согласив. Одлично е сега-засега. Дневно по двапати тренираме. Владее  прекрасна атмосфера. Големи се амбициите, оти клубот е бренд, како што е Победа, Вардар и неколку други. Со оглед на првото место и предноста од шест бода пред останатите, извесен е пласманот во Втората лига, а потоа се размислува и за елитното друштво – вели Јованоски.

Тој имаше необичен почеток на кариерата. Прво беше само резервен голман во 11 Октомври, а потоа се одлучи за Победа. Само што премина, дојде куп – мечот со фаворитот Металург. Пред празни трибини Победа победи со 3-2, а меѓу јунаците беше Јованоски.

– Силен ривал беше Металург. Тоа беше изнендување, подвиг. Се надевам на такви одбрани и пролетва. Сакам да ја оправдам довербата во Струмица – подвлекува голманот.

Во Беласица се уште двајца сограѓани: Димитар Тренчески и Кемал Аломеровиќ.

Loading