ФОРМАТА СЕ ДОТЕРУВА ВО ОХРИД

Nov igrac vo Pobeda - Ramon

Победа

Екипата на Победа во средата замина во Охрид, каде ќе се подготвува наредните десетина дена. Беше одигран првиот пријателски меч со Новаци (1-1), на кој се пропуштија пет-шест стоотстотни шанси, а голот беше дело на најдобриот стрелец во првенството, Шаркоски. Настапија:. Дав. Талески – Дан. Талески, Крстески, Илиески, Колевски – Ј. Наумоски, Коњарски, Најдовски – Шаркоски, Емерсон, Станиќ, а во второто полувреме уште: Тошески, Котевски, Рафаел, Ристевски, Стојковски, Карчески, Мустафов, Х. Петрески, Гешоски, Цветаноски, Л. Трајкоски, М. Наумоски. Поради мала повреда отсуствуваше само Војводиќ, а подоцна треба да се приклучат оздравените Котески и Димитриоски, додека неизвесен е В. Петрески.

Досега нови се четворица: Србите, офанзивниот за врска Милан Војводиќ и крилниот напаѓач Мирослав Станиќ, Бразилецот, шпицот Уемерсон Рамон и дефанзивниот, централен играч за врска Благојче Коњарски. На проба се уште толкумина: Србите, Никола Тошески – голман од школата на Партизан, Драган Стојковски – десен бек, Бразилците Тијаго и Рафаел – играчи за врска. Тука некаде се наѕира конечниот список на првотимците кај тренерот Зоран Штерјовски. Сите ќе добијат шанса, извесна е голема борба за секое место. Наредни тестови се: Борац Чачак (в недела), Спартак Суботица (вторник), Крупа Врбас (1 февруари), Велазерими (4 февруари), Хоризонт Турново (9 февруари), а на 11 и 12 февруари е учеството на турнирот ,,Вуко Каров” во Кавадарци.

Заминаа шестмина, од кои за Манчевски, Спиркоски и Здравески нема информации во кој клуб, додека за Мегленски, Дунимаглоски и Х. Трајкоски се зборува дека се во Тиквеш, каде е и поранешниот член на Корзо и 11 Октомври, Никовиќ.

Loading