ЈУГОСЛАВИЈА – ПОЛСКА 2-5

Историја

На 10 октомври 1984 во спортската сала ,,Македонија” се одигра меѓудржавниот пингпонгарски натпревар Југославија – Полска. Љубителите на овој спорт ја исполнија салата и ги бодреа домашните пингпонгари, но тоа не им помогна да стигнат до триумф. Гостите беа тие што покажаа подобра форма и концентрација во пресудните моменти, а може да се рече дека и подобро се снајдоа во таа атмосфера. Полјаците не само што победија, туку изненадија со високиот резултат од 2-5. За Југославија настапија: Бела Месарош, Илија Лупулеску, Бранка Батиниќ и Зоран Приморац. Најмногу се очекуваше од Месарош, но тој ги загуби двата меча од Груба и Кукарски. Победи остварија само Лупулески против Кукарски и Батиниќ со Стелмак.

Мечот беше во рамките на Меѓународната супер лига.

Loading