ТРЕНИНЗИ ПОД НАДЗОР НА САЛТА

Џудо

Џудо – експертот од шести степен, Габриел Салта од Белгија, е дојден во едногодишна мисија во земјава за унапредување на овој спорт. Првата работна посета ја имаше во Прилеп. Во салата на СОУ ,,Кочо Рацин” тренинзи одржа со сите категории: пионери, кадети, јуниори, сениори и ветерани од ЏК Сеишин. Првин ја скенираше моментната стручна подготовка на џудистите, осврнувајќи се со одредени сугестии околу методите на работа. Во следната фаза најави суштинско тактички инструкцииа. За размена на искуства и договор за понатамошна соработка веќе има среедби со тимот тренери, комисиите и управата на клубот.

Салта најави посета и на останатите клубови во Прилеп.

Loading