Горан Кузманоски
Романската екипа на Одорхеи престојува во Сарагоса, Шпанија, а во тимот и натаму е Горан Кузманоски – Таста. На пријателските мечеви со шпанските екипи тој е во првата постава и успева да се запише меѓу стрлците. Првиот натпревар со Хелветиа Анајтасуна беше загубен со 32-27, вториот добиен против Билере со 35-27, на кој Кузманоски даде еден гол, а третиот со Хуесца заврши нерешено 31-31. На овој меч Кузманоски даде три гола. Во романското првенство Одорхеи е со шанси за титулата, со оглед на пласманот од есенскиот дел на третото место со 35 бода. Погоре се тимовите на Доброгеа со 40 и Динамо Бикуреш со 41 бод.
Кузманоски има 34 години и потекнува од школата на некогашниот Тутунски.