ГРАДЕЖНА ЕКСПАНЗИЈА ПО ОФАНЗИВА

Ljupco Mitreski - rak. na Sektor za komunalni dejnosti

Амбициозна програма за уредување на улиците во градот и селата

Се подготвува градбата на капиталниот кружен тек со шест улица на мостот Табаана за растоварување на сообраќајот

Ќе никнуваат нови улици и тротоари, а старите ќе се одржуваат и рехабилитираат

По експропријацијата на дел од улицата ,,Кеј 1-ви Мај,, дел од улицата ,,Андон Слабејко,, ќе стане пешачка зона

Градежна експанзија на инфраструктурен план доживеа градот и населените места лани. Трендот на интензивна изградба нема да стивне, особено во доменот на патиштата и улиците, туку ќе забрефтаат машини за забрзување на темпото и годинава, најавуваат локалните власти.      

Според Љупчо Митрески, раководител на секторот за комуналани дејности во локалната самоуправа, во текот на градежната сезона во 2016 година се извршени повеќе градежни активности и зафати од аспект на изведба, реконструкција и рехабилитација на улици и патишта во општината.

-Во населбата ,,Бончејца,, улицата ,,Димо Наредникот,, се реконструира во булеварска улица со четири коловозни ленти, среден разделен појас со улично осветлување, тротоари и велосипедски патеки – вели Митрески додавајќи дека уредувањето ќе продолжи со комплетирање на уличното осветлување и на коловозниот и на тротоарскиот дел. 

Реконструкција и асфалтен коловоз се изведени на многу улици.

Infrastruktura vo industriska zona Prilep-1-

-Ново асфалтно руво имаат улиците ,,Велко Јанкулоски – Стариот,, ,,Републиканска,, и ,,Кеј 1-ви Мај,, околу новиот трговско деловен објект со катна гаража, улицата ,,Борка Лопач,,-крак и улицата ,,Иљо Полутешка,,-крак во Варош, улицата ,,Блаже Темелкоски,, – краци, ,,Васко Карангелески,,- крак, ,,11-ти Октомври,, – крак, ,,Киро Пајмакоски,, ,,Мечкин камен,, – крак, ,,Митко Цветаноски,, – дел и ,,Димче Антулески,, како врска меѓу населбите Точила и Варош – објаснува Митрески.

Во индустриската зона Прилеп 1 се изведе улицата ,,Р2,, со грант од Светска банка.

-Рехабилитација со нова асфалтна постелка се извршени на улиците ,,Браќа Нунески,, и ,,Цане Илиески,,. Во новата станбена населба ,,Градина,, во ,,Блок 1,, се изведе комплет подземната инфраструктура и се отпочнаа  градежни работи за  изведба на улиците. Повеќе улици се реконструирани и имаат и нови тротоари – кажува Митрески.

Ulicata brakja Nuneski vo UZ Boncejca so asfalt

Жителите од населените места не се оставени лете да се задушуваат во прав, зиме и наесен да газат по калливи улици. Напротив, грижата за подобрување на животот се прави и со подобрување на уличната комуникација во селата.

-Со асфалтен пат долг 3800 м. се поврза селото Волково  со градот со средства од општина Прилеп и Агенцијата за рурален развој. Во селата Чепигово, Тројкрсти, Тополчани, Клепач, Ерековци, Канатларци, Беровци, Галичани, Кадино село, Алинци, Веселчани, Загорани, Ново Лагово, Мало Коњари, Големо Радобил, Големо Коњари, Селце и Мажучиште, се реконструираа и тампонираа повеќе улици – прецизира Митрески.

За годинава се планиранини повеќе градежни активности на уличната мрежа во општината и тековно одржување.

-Улицата ,,Кеј 1-ви Мај,, после експропријацијата, која е во тек, се планира да се изведе на делот од крстосница со улицата. ,,Кузман Јосифоски,, кај старата автобуска станица, до вкрстување со улица ,,Андон Слабејко,, кај железничкиот мост – најавува Митрески.

Ureduvanje na trotoarnite povrshini

Годинава посебен третман ќе уживаат селата. Ќе добијат повеќе асфалт во споредба со лани. Се планира реконструкција на повеќе улици во градот и населените места според програмата за уредување на градежно земјиште и изведба и реконструкција на тротоари на улиците.                

-За реконструкција на дел од улицата ,,11-ти Октомври,, и доградба на мостот на градска река за кружен тек, кај Табаана е завршена постапката и се обезбедени средства за техничката документација, комплет со одобрение за градба. По обезбедувањето средства, се планира да отпочне реализацијата. Во индустриската зона Прилеп 1, и во новата населба Градина ќе продолжи изведбата на уличната мрежа – вели Митрески,.

Според него, во тек е изработката на техничка документација за реконструкција на Булеварот ,,Гоце Делчев,, од крстосницата со улицата ,,Прилепски бранители,, до крстосницата со улицата ,,Кузман Јосифоски,,. Се проектира и улицата ,,Победа,, зад типската населба, која ќе се реализира по добивањето на одобрение за градба. Едновремено се планираат и проекти за мостови над градска река на улиците ,,Трајко Николоски,, и ,,Победа,, како и пешачки мост во насока на улица ,,Орде Тутески,, кај музичкото училиште.

Zadovolni ziteli od ulicata Velko Jankuloski

Loading