БОЖИКНА СРЕДБА ПОД МАРКУКУЛЕ

Planinarska ljubov so karpite

Неколку десетици планинари ја отворија новата сезона на освојување на врвовите и планините со традиционалната средба под Марковите кули. Веднаш по Нова година тргнаа да ја ,,исчешаат,, крастата и да ги загрнат карпите под планинското подножје, да фрлат зимска глетка на градот, да се потсетат на доживувањата во природата со чашка топла ракија, варено вино и малку мезе. Љубителите на природата веќе коваат планови за откривање на најатрактивни локации пак да се дружат зиме или во некој друг дел од годината, зашто љубовта кон планините не згаснува, туку се разжарува сé посилно и посилно без разлика на возраста.

Loading