ЏИПОВИ ОД МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА НА ПЛАКЕНСКА ПЛАНИНА

Во сурови услови

Dzipovi cistat neproodni patista

Околу сто членови „Офф Роад“ клубот од Охрид заедно имаа доволно храброст и волја да ги соберат сите љубители на џипови во Македонија и соседните земји и да се обидат во сурови зимски услови да го освојат врвот на Плакенска Планина и да го одбележат Денот на безбедноста во планина. Меѓу стотината џипови, дестина од Прилеп го дадоа придонесот за подигање на јавната свест за планинскиот живот и важноста за зачувување на екосистемот.

Мераклиите на авантури и трагачите по возбуди, наоружени со опрема, но и со искуство и вештини, успеаја да ја пробијат планинската патека во зимски амбиент.

-Иако теренот при снег и виулици е непрооден дури и за дивеч, се искачивме до одредената цел да го одбележиме Денот, но и да стекнеме нови знаења. Џипџиите од повеќе градови демонстрираа подготвеност да излезат во пресрет на загрозени жители во зимски околности, соочувајќи се со непредвидливи пречки – велат од охридскиот клуб.

Учесниците вложија голем труд, упорност и пожртвуваност со поддршка на жителите на селото.

Loading