ВОДИЦИ – ДЕН НА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ТЕЛОТО И УМОТ

87 zelbi za  krstot

Со утринска празнична литургија која завршува со пуштање на гулаби во црковните дворови почнува одбележувањето на големиот христијански празник, Богојавление или Водици. Повеќе од десетина години се негува традицијата во поголеми водотеци да се фрла светиот крст, а млади момчиња, па и повозрасни, а и храбри девојки за здравје и за исполнување на соништата да го фаќаат во камен, студени води. По седумгодишни обиди да дојде до среќата, на 24 годишниот Дарко Јанкоски му појде од рака и успеа меѓу 87 верници да се нурни во базенот од хотелот Сонце и да го зграпчи христијанскиот симбол во длабочината. Покровителот на манифестацијата, локалната самоуправа и фармацевтската куќа, Зегин му подарија златен крст и ТВ на највештиот пливач, а останатите добија пригодини подароци.

{AG}435/krst{/AG}

-Посакувам сите да имаат многу здравје, успех и среќа – рече Јанкоски.

Градоначалникот Марјан Ристески им честита и на сите учесници, кои се фрлија по светиот крст и им посака многу здравје.

Традиционално се организираше донаторски ручек, а собраните средства се наменети за доизградба на црквата Света Петка во Точила.

И во поголемите населени места во општинава, како Мало Коњари, Големо Коњари, Ново Лагово и Штавица се фрлаше крстот.

-Веќе шест години го барам крстот, но успеав трипати. Посакувам на сите Бог да им подари пред се многу здравје – рече Бојан Николоски, кој го фати крстот од Мало Коњари.

-Третпат се фрлам и првпат го фаќам. Сакам годинава да биде бериќетна за мене и мојата фамилија – рече Јане Пуцакоски од Големо Коњари.

-Крстот го фаќам вторпат и на сите им посакувам многу бериќет –  вели Давид Блажески од Ново Лагово.

-Прекрасно е чувството – рече Никола Бозоски од Штавица.

Богојавление или Водици е празник на животот, просветлувањето, прочистувањето од гревовите, на простувањето. Преданието вели дека тој ден реките се прочистени како солза, зашто во реката Јордан бил крстен синот Божји – Исус од Јован Крстител. Верувањето е дека на тој ден, отворени се небото и земјата, да се впијат гревовите. Оние кои ќе влезат и ја допрат вода се духовно слободни. За Водици некои постат, а се честат и имендени – Богдан, Богољуб, Боге, Ордан, Ордена, Јордан, Јован, Јована, Војо, Војне …

Подготовките околу Водици почнувале уште по Василица со замесување лепчиња во глува доба, а по селата водарки лееле вода со стомни и грнци за здравје.

Празникот Водици го менувал денот, но датумот никогаш. Водокрст (Водопост) бил на 18.01, на 19. 01 – Богојавление (Водици), а на 20.1 Собор на Св. Јован Крстител. Деновите околу Богојавление се познати како женски и машки водици. Едниот ден лееле вода момчињата, а другиот ден жените и посебно родилките.

По храмовите се осветува вода.

Loading