НАЈСРЕЌНА Д-Р ПАШОСКА

ЧЛЕНОВИТЕ НА ДНУ ВРТЕА БУРЕК СО ПАРИЧКА

D-r.Pasoska - ksmetlija

На претседателот на Друштвото за наука и уметност, д-р Силвана Пашоска и падна паричката за Василица и им посака среќа, здравје и напредок во животот на сите членови на научното друштво.

Одбележувањето на христијанскиот празник, Василица, односно доаѓањето на православната Нова година, според јулијанскиот календар е стар обичај кој со години го негува ДНУ. Се верува дека оној кој ќе ја добие паричката во парчето бурек или мазник, ќе го с;еди среќа и бериќет цела година.

– Патот до успехот е да вложуваме во себе си и да имаме позитивна мисла. Како ДНУ, преку разни активности, советувања, тркалезни маси и трибини, продолжуваме да учествуваме во опшественото живеење на градот со цел од научен аспект, да придонесеме за решавање на одредени проблеми од интерес на граѓаните – рече д-р Силвана Пашоска.

Градоначалникот Марјан Ристески, како почесен член на ДНУ, се заблагодари на членовите за оджувањето на вековната традиција која ДНУ ја негува со години и посака многу здравје и соработка и во 2017 година.

– ДНУ составено од академици, професори, доктори на науки од различни области, важи за значајна организација, која со работењето, знаењето и искуството придонесува за развој на градот во различни области од опшественото живеење – рече Ристески.

Тој на сите верници, за православната Нова година, им посака здравје, среќа, економски просперитет и политичка стабилност во 2017 г.

Loading