КСМЕТ И ОРО

Пензионерките пред Василица

Dimitrioska najsrekna megu 200 penzionerki

Ја одржуваат традицијата пред Стара Нова Година – Василица, жените при Здружението на пензионери да организираат Василичарска средба. Клубот беше претесен да прими околу 200 пензионерки. Средбата мина во знакот на почитување на адетот да се врти мазник со паричка. Во парчето на Блага Димитриоска се најде Василичарското париче. Се верува дека паричката ќе í носи здравје цела година. Таа доби и посебна награда од Активот на жени.

Нејзе вторпат í се насмевнува среќата во поголемото друштво со пензионерките.

Радост и многу здравје на сите пензионерки им посакаа претседателот Кирил Ѓорѓиоски и претседателот на Активот на жени, Снежана Димеска

Димитриоска била работничка во текстилната индустрија Билјана. 

Loading