ПОСНА ДЕКОРАЦИЈА ЗАЕДНО СО БИТОЛЧАНКИ

На манифестацијата Етно вешта жена

Virtuozni kulinarki se zenite

Шестото издание на манифестацијата “Вешта жена” го доби предзнакот етно, затоа што домаќинките се претставија со посна светиниколска трпеза. На прилепчанки им беа гости припадничките на понежниот пол од соседна Битола, кои демонстрираа новогодишна маса. Приготвените специјалитети беа навистина уникатни.

Умешните жени истакнаа дека најважно е меѓусебното дружење, а не натпреварувањето кој подготвил поубаво, повкусно или декоративно јадење.     Настанот го поддржа локалната самоуправа, а градоначалникот Марјан Ристески ги пофали умешните домаќинки за подготвените ремек дела кои претставуваат кулинарска атракција.

Манифестацијата има хуманитарен карактер, а собраните средства се наменети за децата со посебни потреби.

Loading