ПРАЗНУВАЊЕ НА ЗАКРИЛНИКОТ СВЕТИ НИКОЛА

Vasidora -domakinПрилеп и прилепчани возвишено и оваа година ќе го прослават патрониот празник  посветен на еден од најпочитуваните светци. Свети Никола е заштитникот на градот, а традицијата ја продолжува Општина Прилеп, заедно со Васидора под отворено небо со богата посна трпеза и добро расположение. Се вели дека ” Модата е минлива, стилот е вечен”, а токму со љубов и голема посветеност пристапува и конфекцијата Васидора која заедно со локалните власти и годинава ќе докажат дека празникот Свети Никола, е закрилник и штитеник на градот кој ја негува традицијата од дедовски корен, трпеливо и со препознатливи обележја како што се малите светиниколски посни сарми со кои Прилеп во 2008 г. се запиша во Гинисовата книга  на рекорди.

Вредните раце на членките на женските невладини организации веќе ги подготвуваат посните сарми со големина на лешник со три зрна ориз. Никаде не се прават толку сарми во еден ден, згора големи колку нокт. Ќе има и риба и гравче и пијалоци.

В недела во 17.30ч. во црквата Свето Благовештение ќе се одржи вечерна литургија, петолебие. На денот на празникот, в понеделник од 8 ч. во црквата Свето Благовештение ќе започне Литургијата. Во 10.30 ч. ќе се изврши водоосветување и прережување на празничниот колач пред Параклисот на Св. Никола во центарор на градот. Во 11.30 ч. е закажан празничниот ручек со културно – уметничка програма на плоштадот Александрија. Во ЦК “Марко Цепенков” во 11.45 ч. ќе биде отворена изложбата, “Уметниците во чест на Св. Никола”.

Свети Никола е заштитник на градот од 2006 година. 

Loading