СТАР МИГ НА ПЛОЧНИКОТ

Centarot  megu 1970-1975

Центарот или плочникот во 70 – ите години. Фотографиран веројатно од Саат кулата. Стамено, со посебен шмек плочникот го заличува градот, со издигнатите хотели Јадран и Југославија, хотел Скопје, а од далеку подава “раце” и пркоси со својата “витост” и деветокатницата. Покрај шеталиштето со мермерни плочки, неправилно расфрлани, се збрале автомобилите на купче на паркингот на среде. Тоа бил простор за ретките возила кои крстареле низ улиците од коцка.

Покрај булеварот, раскошно зеленило. Дрвјата слободно вишнеат и се шират. Прекрасно.

Тука се дуќаните. Не заборавна е стара Нама, Југопластика, Борово, летната бавча, т.н Трло, слаткарниците Инзап и Шар, Пензионерскиот клуб, Автобуската станица, и што ли уште не. Се сместиле удобно трафиките пред и по Јадран од каде граѓаните купуваа весници. Прилеп “спие” во 70 – ите.  

Loading