ОТКРИЕНА НЕКРОПОЛА ОД МАКЕДОНСКОТО АНТИЧКО КРАЛСТВО

Првпат се истражува локалитетот Долиште кај Прилепец

nova nekropola kaj Prilepec

Тим од Заводот и музеј и  Филозофскиот факултет од Скопје првпат ископува на археолошкиот локалитет Долиште кај селото Прилепец. Под раководство на д-р Антонио Јакимовски и археологот Душко Темелкоски откриени се сознанија за некропола на античкото македонско кралство.             Управата за заштита на културното наследство на Македонија го поддржа истражувањето со 300  илјади денари.

– Откриени се пет гробови, од кои три детски и еден на родител погребан со своето дете на мала возраст. Пронајдените керамички садови, накит, монети укажуваат на користење на некрополата во интервал од околу 800 години, односно во времето на македонското античко кралство и подоцна во времето на римската империја. При погребувањето во македонскиот период покојниците се спалувале, додека во римскиот период се практикувало инхумирање – вели Темелкоски.

Според  Виктор Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културното наследство, првичните резултати ја оправдуваат идејата за вклучување на локалитетот како археолошко наоѓалиште од капитален интерес.

Според стручнаците, непознат град за науката лежи под напластените слоеви на земја во атарите на селата Прилепец и Волково. 

Loading