ИЗЛОЖБА НА АТАНАС АТАНАСОСКИ ВО ЊУЈОРК

Makedonskata ornamentika inspirativna za Nju Jork

„Орнаментот како можен пејсажен знак или украс како можен пејзажен знак“ е тематската изложба со која нашиот уметник Атанас Атанасоски ќе се претстави на изложба во Њујорк, САД.

Атрактивните орнаменти му се инспирација подолг период  зашто смета дека се историски и цивилизациски процес. Идејата за уметнички проект е плод на истражување на украсни мотиви од опусот сликарството во спомениците на фрескоживописите во Македонија од византискиот и поствизантискиот период.

– Геометриските мотиви, толкувани во неколку варијанти, се манифестираат преку различни сегменти на материјалната култура: камен пластика, керамика, украсни илуминации во ракописи – црквата, живописот, резбата на дрво и многу објекти направени од метал или коските со утилитарна функција. Со соодветен медиум се изразува креативен потенцијал на една култура. Украсите како дел од уметничкото културно наследство се одраз на естетските вредности вградени во дизајнот на многу индустриски производи – објаснува авторот.

Тој се обидува да се дефинира поблиску идеја и концепција, како и утврдените хронолошка и типолошка класификација на формите и аналогии со уметнички влијанија.

– Уметничкиот опус на средновековието покажуваат богата продукција која се случува до преродбата во 19 век. Раскошниот репертоар на ѕидовите на црквата од византискиот период е мотив за   амбициозни творечки теми. И резбите во дрво се значајни во многу манастири во Македонија. Тие уметнички дела укажуваат на напредни уметнички форми. Центарот на резба во регионот на Прилеп-Слепче е активен за долг период во манастирите Трескавец и Зрзе, Слепче. Од 12 век таму се создадени богато украсени литературни дела. Компонентите се состојат од прави и искршени линии и развиено чувство на симетрија, како и ритмички множења кои обезбедуваат најголема визуелна игра наречена украси (шема, декорација) – вели Атанас Атанасоски.

Loading