НОВА НАГРАДА ЗА ТОНИ ПАВЛЕСКИ

Nova nagrada za PavleskiНашиот поет и писател Тони Павлески е добитник на првата награда на конкурсот што традиционално го организира литературниот клуб Изгрев од Демир Хисар. Расказот на Павлески со наслов “Диета”, во кој авторот пишува за љубовта е прогласен за најдобар во конкуренција на 54 раскази.

Павлески е член на Клубот на литературни творци. Препознатлив е  по хаику поезијата, објавувана во престижни списанија.

На овој конкурс пофалени се и авторите Асен С. Стаменов и Живко Карески.

Loading